Сметководител украл околу 177 илјади евра од нотарката за која работел во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвининение против сметководител поради проневера во служба на 10.913.195 денари (околу 177 илајди евра). Обвинетиот неовластено пополнувајќи и имитирајќи го потписот на оштетената нотарка потпишал 211 налози за пренос на парични средства. Парите ги префрлал од сметката на нотарката на сметка на својата сопруга.
– По спроведување на истражната постапка, обвинителството утврди дека обвинетиот водејќи сметководство на нотарска канцеларија во Скопје, во периодот од 28 април 2016 година до 28 ноември 2019 година, со намера за себе да присвои противправна имотна корист присвоил пари кои му биле доверени во службата во значителна вредност од 10.913.195 денари, информираат од ЈО Скопје.
Од Обвинителството објаснуваат дека обвинетиот средствата ги префрлал од оперативни сметки на нотарот од повеќе различни банки на банкарска сметка која нотарката ја имала во една банка, во која и сопругата на обвинетиот имала сметка.
– Потоа обвинетиот ги префрлил паричните средства од сметката на нотарката на банкарската сметка на неговата сопруга, од каде како овластен потписник ги подигнал во готово паричните средства, информираат од ЈО Скопје.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка