Македонија
30. March 2018 - 22:21

Смачкан автомобилот во сообраќајката кај Сарамзалино, возачот загина на место

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Штип-Велес, што се случила околу 14 часот.Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова вели дека несреќата се случила помеѓу автобус со велешки регистарски таблички и автомобил марка „шкода“ со скопски регистарски таблички, кои се движеле во спротивни правци.

Во несреќата на лице место животот го загубил возачот во автомобилот „шкода“, чиј идентитет сѐ уште не е утврден.