Македонија
28. December 2015 - 16:31

Службата на студентски прашања е најголем проблем за студентите

Службата на студентски прашања е најголем проблем за студентите. Поголем товар им се административните постапки на факултет, отколку предметите за учење. До студентскиот правобртанител стигнале стотина преставки, од кои највеќе се однесуваат на несредени досиеа, несоодветна евиденција на оценки, ненавремено издавање на уверенија и дипломи.

-Можеби налик ова изгледа дека се минорни работи , но не се...заради нив студентите губат време,доцнењето на административните прашња повлекува и доценење во приојавување на испит, па дури и дипломирање, изјави Васка Бојаџи, студентски правобранител.

Купи книга да добиеш потпис, проблем со кој најмногу се соочуваат студентите од факултетите за природни науки. Кај нив евидентиран е и пробелмот, еден предмет да се полага дури и до десет пати. Бојаџи вели дека правобранителот реагира во дадена ситуација, инсистираат тоа да биде полагање пред комисија.

-Реагиранм по секоја преставка и во вакви ситуации делуваме советодавно....им укажувам на студентите кои механизми им стојат на располагање...реагирав и постапував во неколку случаи каде на студентите не им беше дозволено комисиското полагање а имаше и случај каде деканите не ја запзаиле постапката на ваков вид полагање, изјави Васка Бојаџи, студентски правобранител.

Од 60 000 студенти на скопкиот универзтет, годишно стигаат по 100 реакции на незадоволни академски граѓани кои сметаат дека нивното право е повредено. Најинформирани се од правниот факултет. Студентскиот правобранител вели дека се зголемува свесноста на студентите и се поголема е помошта која ја бараат од оваа институција.