Слуша лелеци и врисоци, не може да спие, Ѓорге Давид бара стручна помош по несреќата
Ѓорѓе Давид не се чувствува добро по трагедијата и бара стручна помош за да ја надмине траумата од сообраќајната несреќа во која учествуваше во Македонија, пренесуваат српските медиуми.
Музичарот помина само со полесни физички повреди, а по извршените анализи на крвта било утврдено дека не бил под дејство на алкохол или други опијати.
Во сообраќајката во која една жена го изгуби животот, учествувале три автомобили, меѓу кои и возило „опел инсигнија“ управувано од Ѓорѓе.
Музичарот веќе еднаш доживеал сличен хорор, кога неговиот татко загинал во сообраќајна несреќа, додека тој за влакно ја избегнал смртта.
Извор близок до пејачот за српска „Република“ открива дека Ѓорѓе се чувствува лошо и не може да спие по несреќата:
– Џорџ не е добро! Иако физички е речиси целосно закрепнат, психички воопшто не е. Бара психијатар, не може да спие, слуша лелеци и врисоци, пред очи постојано му се сцени од несреќи. Не знаеме како ќе се опорави од ова, дефинитивно му треба разговор – вели изворот.
Ѓорѓе моментно не може да ја напушти Македонија и му се одземени документите, што дополнително влијае на неговата психа:
– На предлог на Основното јавно обвинителство Куманово, на странски државјанин кој учествувал во тешка сообраќајна незгода кај Табановце изречени се мерки на претпазливост – привремено одземање на патни и други исправи (лична карта и возачка дозвола) за преминување на државната граница и обврска за пријавување во Судот – соопштија вчера од Обвинителство.
Ново на Сител
-
Упатство на ДИК за независните ќе биде без број на потписи и без заверка од нотар
-
Општините потрошиле рекордни 190 милиони евра преку тендери
-
Не исправна е одлуката на министерот за одземање на ингеренциите на Стоматолошката комора тврди претседателот
-
1.118 матуранти неделава повторно на „жешките“ столчиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Премиерот Мицкоски очекува ДИК преку правилник да ги прецизира критериумите и начинот на собирање граѓански потписи за независна кандидатура
-
Охридско лето сцена за најдобрите уметници
-
Преглед на вестите од светот