Словенско младинско гледалишче гостува на МОТ

Словенско младинско гледалишче вечер гостува на фестивалот Млад отворен театар со претставата „Ние, европски лешеви“ во Младински културен центар.
- Претставата во режија на Себастијан Хорват е посветена на Жртви на бенг-бенг модата. Токму со оваа претстава се означува поставувањето на Јовановиќ за уметнички директор на Словенско младинско гледалишче, кое тој и неговите колеги го претвориле во најзначајното театарско поглавје на овие простори во минатиот век. На 60-годишнината од постоењето на театарот, Симона Семениќ несомнено најрадикалната словенечка писателка, ќе го парафразира Жртви на бенг-бенг модата и ќе создаде нов драмски текст по кој се прави претставата, соопшти МОТ.
Себастијан Хорват е еден од позначајните словенечки режисери, студирал театарска режија во Љубљана, каде што дипломирал во 1998 година со претставата „Елсинор“, базирана на адаптација на Шекспировиот Хамлет.
Во 1997 година заедно со неговите соработнички, костимографката Петра Вебер и актерката Наташа Матјашец Рошкер го формирале независниот театарски институт наречен E.P.I. центар. Денес тој е значаен центар за театарска продукција, кој соработува со институционални театари во создавањето театарски проекти. Хорват магистрирал во 2005 година и започнал да работи на академијата во Љубљана
Ново на Сител
-

Низа настани за одбележување на 75-годишнината на Државниот архив
-

Дизелот поскапува, бензинот БС-95 поевтинува: Нови цени од полноќ
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Подгответе се за долги редици на граничните премини со ЕУ, од петок стартува новиот систем
-

Студентите албанци на протест: Бараат полагање на правосуден испит и на албански јазик
-

Јавна расправа за Совет на обвинителите
-

Сведоци за „Пулс“ ќе се носат со полиција ако не дојдат на судење
-

Крмзов и обвинетите не се чувствуваат виновни, одбраната тврди: Обвинението е неосновано, нема штета врз буџетот
