Словенија враќа дел од рестрикциите
Словенечката Влада одлучи да врати дел од рестрикциите за граѓаните откако секојдневно почнаа да се регистрираат новозаразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Портпаролот на Владата, Јелко Кацин, на редовната прес-конференција кажа дека од денес повторно е забрането собирањето во групи на повеќе од 50 лица, а целта е да се спречи ширењето на заразата.
Според Кацин, сепак, останува можност да се соберат од 500 луѓе доколку се работи за организиран настан, но тоа може да се прави само со специјална дозвола што ќе ја издава Националниот институт за јавно здравје.
Организаторите на настаните се должни да овозможат физичка оддалеченост меѓу луѓето препорачана од институтот. Дополнително мораат да обезбедат и редарска служба која ќе треба да осигури почитување на сите мерки.
Ново на Сител
-
Најстудено на Попова Шапка и во Лазарополе, најмногу дожд во Виница
-
100 санкционирани возачи во Скопје
-
Велипеток - најтешкиот ден во годината
-
Избори во САД 2024: Кои се мега-богатите донатори кои го поддржуваат Трамп?
-
Повеќе од 30 лица го загубија животот во поплави во Бразил, 60 лица се водат како исчезнати
-
Турција ги прекина трговските односи со Израел
-
Северноатлантскиот совет ги осуди последните руски хибридни закани
-
Променливо облачно со пороен дожд и грмежи