Словенија: Убедлива победа на партијата на Роберт Голоб
Менаџерот Роберт Голоб и неговата партија Движење за слобода се убедливи победници на вчерашните парламентарни избори во Словенија и ќе можат брзо да формираат нова влада со само уште една или две партии, покажуваат официјалните резултати по пребројани над 99,7 отсто од гласовите.
Партијата на Голоб освои 35,54 отсто од гласовите и 41 пратеничко место, што досега никому не му успеало во историјата на словенечката демократија, а претставува одраз на групирањето на левичарски гласачи кои се спротивставија на десничарската влада на Јанез Јанша и „тактичкото“ гласање на на бирачите на помалите партии од левиот центар.
Втор најголем број гласови на вчерашните избори го доби Словенечката демократска партија (СДС), на поранешниот премиер Јанез Јанша, кој веќе го призна поразот.
Неговата партија освои 23,53 отсто од гласовите и 27 пратенички места, едно повеќе отколку на изборите во 2018 година.
На трето место според изборните резултати е демохристијанската Нова Словенија (НСИ), која беше член на досегашната влада на Јанша, а чиј претседател Матеј Тонин најави дека во иднина ќе претставува конструктивна опозиција.
Социјалдемократите (СД), предводени од Тања Фајон со 6,65 отсто од гласовите, нешто послаб резултат од пред четири години, освоија седум места и најверојатно ќе бидат главниот партнер на Голоб во новата влада. Согласно политичката традиција се очекува Голоб да биде поддржан и двајца претставници на малцинствата од унгарската и италијанската заедница.
Партијата Левица (Л), предводена од Лука Месец, освои пет пратенички места со 4,38 отсто од гласовите, нешто помалку од очекуваното според изборните анкети.
Со неа во владата Голоб добива уште поубедливо мнозинство, но има мислења на некои аналитичари дека би можел да ги избегне доколку реши да формира „влада на национално единство“ со оглед на можното влошување на општествената ситуација доколку продолжи кризата во Европа поради војната во Украина и наместо Левица – во владата да ја вклучи Нова Словенија.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек