-->
-->
Словенија ќе затвора граница за мигранти ако тоа е неопходно за националната безбедност
-->
Словенечкиот парламент донесе синоќа нацрт-закон со кој државата може да запира мигранти на границата со Хрватска без да им даде можност да поднесат молба за азил.
Мерката беше одобрена со 47 против 18 пратенички гласови. За евентуално воведување потребни се гласови во 90-члениот словенечки парламент.
Таква мерка е прифатена од соседите – Австрија и од Унгарија.
Околу 500.000 мигранти преминаа транзит низ Словенија за време на големиот бран во 2015 година пред затворањето на балканската маршрута во март 2016 година. Речиси сите од нив продолжија кон Западна и Северна Европа. Станува збор за 670-километарска граница на Словенија со Хрватска. Љубљана подигна заштитна ограда на речиси две третини од границата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено