-->
-->
Словенија го произведе првиот комплетно електричен и сертифициран авион
-->
Словенечката компанија Пипистрел го произведе првиот 100 отсто електричен сертифициран авион.
Се работи за мал спортски авион, комплетно напојуван од батерија за кој Европската агенција за безбедност во воздухопловството (ЕАСА) ги исполнува највисоките стандарди за безбедност во летањето.
Од компанијата изјави дека во некои сегменти ова летало има далеку подобри безбедносни карактеристики од конвенционалните летала. Инженерите на компанијата уште од 2007 година работат на развој на електрични летала, а со овој успех сметаат дека направиле историја.
Авионот наречен „Велис Електро“ веќе се произведува за купувачи во седум држави, а од Пипистрел најавуваат дека првично ќе се изработат 31 авион.
– Сертификатот кој го добивме е првиот чекор кон комерцијална употреба на електрични авиони, а ова е есенцијално доколку сакаме еколошки авиосообраќај. Се работи за многу, а за разлика од другите, нашиот не произведува штетни гасови, изјави основачот и извршен директор на Пипистрел Иво Баскарол.
Дел од словенечките медиуми објавувајќи за овој успех напишаа дека со овој електричен авион, Пипстрел ги претркал гигантите Боинг и Еирбас.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Иран: Американските напади врз Харг не ја оштетија нафтената инфраструктура
-

Северна Кореја истрела десетина ракети кон Јапонско Море
-

Катар евакуира делови од Доха
-

Денес посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Трамп тврди дека Иран е целосно поразен
-

Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани
-

Работнички протест на ССМ во Скопје со барање за минимална плата од 600 евра
-

Над 100 малолетници загинале во Либан поради војната додека раселувањето нагло расте
