Словенија го прогласи Нетанајху за „персона нон грата“
Владата на Словенија го прогласи израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за „персона нон грата“ и ќе бидат преземени исти мерки како против двата екстремистички израелски министри Итамар Бен-Гвир и Безалела Смотрич, кои во јули беа прогласени за непожелни.
– Јавноста е свесна дека тој е гонет за сторени воени злосторства и злосторства против човештвото. Меѓу другото, Меѓународниот суд на правдата на 19 јули 2024 година утврди дека неколку израелски политики и практики го кршат меѓународното хуманитарно право и човековите права, објави на платформата Икс државната секретарка во словенечкото Министерство за надворешни работи Неве Грашиќ.
Таа додаде дека со владината одлука „се испраќа јасна порака до Израел дека Словенија очекува доследно почитување на одлуките на меѓународните судови и меѓународното хуманитарно право“.
Словенија минатата година ја призна Државата Палестина, а во август воведе ембарго за оружје врз Израел и воведе забрана за увоз на стоки произведени на палестинските територии окупирани од Израел.
МИА
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
11 полицајци од СВР Велес на дисциплинска за случајот со убиената Росица
-
Полицијата денеска со опомени за оние кои со телефон и слушалки поминуваа улица, од утре ќе казнува
-
Камерите ќе го зголемат бројот на казни за сообраќајни прекршоци
-
Тротоарите во Скопје непроодни од ѓубре, Општина Аеродром и Градот поднесоа кривични пријави
-
Граѓаните бараат решение за Вардариште пред изборите – вчера повторно запалена депонија близу Арачиново
-
Резолуцијата на Филипче ќе добие конкретни забелешки од Владата по изборите