Словенечките медиуми за распуштањето на Собранието и разрешувањето на Мизрахи
Повеќето словенечки телевизии и интернет портали информираа за случувањата во Собранието и неговото распуштање.
Дневник во текст со наслов „Македонското Собрание се распушти пред предвремените избори” пишува дека ваквата одлука доаѓа по оставката на поранешниот премиер Зоран Заев.
– Решението да со оди на предвремени парламентарни избори доаѓа по одлуката на Европската Унија да не даде „зелено светло” за почеток на преговорите за членство на Македонија, што беше резултат на блокадата од Франција, напиша Дневник.
Државната Телевизија Словенија во извештајте посебен акцент даде на разрешувањето на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.
– Македонската министерка е разрешена откако одржа прес-конференција пред табла со старото име на својата државата – информираше Телевизија Словенија
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости