Словенечката полиција заплени сто килограми кокаин од Бразил

Словенечката полиција заплени во складиште во словенечка фирма од местото Зрече сто килограми кокаин, соопшти денеска полицијата.
Во истрагата словенечката полиција соработувала со повеќе земји, а се верува дека запленетата дрога „на улица“ би достигнала вредност од околу пет милиони евра.
Дрогата ја пронашле во понеделникот вработени во складиштето во фирмата „Сватикомет“ и тоа во контејнер со минерален алуминиум оксид, кој фирмата го користи за производство, по што ги известиле надредените, а тие полицијата.
Контејнерот бил нарачан од германска фирма, која соработува со компанија од Бразил.
- Пратката со околу сто килограми дрога, за која е утврдено дека е кокаин, дошла од бразилското пристаниште Сао Паоло, изјави шефот на криминалистичката служба на полицијата во Цеље, Дамијан Турк.
Утврдено е дека контејнерот кон крајот на март стигнал во Копар, а при царинскиот преглед не било утврдено нешто сомнително.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Брисел деновиве ќе соопшти дека од последни во регионот, сега сме рамо до рамо со Црна Гора
-

Зеленски бара објаснување за рускиот предлог за прекин на огнот
-

Доделени годишните новинарски награди на СЕММ, посебно признание и за Сител
-

Иран веројатно нема да направи значајни отстапки кон САД во следниот предлог
-

Обвинителството тврди дека има пропусти и имотна корист, одбраната негира вина на тројцата полицајци од Кочани, пресудата закажана за 5 мај
-

Сирски нареди задолжителна ротација на украинските војници на првата линија на одбраната
-

Во март Србија ја посетиле најмногу туристи од Русија и од Северна Македонија
-

Во средно училиште во Тетово нападнати две лица со остар предмет од 15-годишник
