Словенечка помош за поголемо искористување на ЕУ фондовите
Општините Гевгелија, Валандово и Берово прифатија помош за поголемо искористување на ЕУ фондовите од страна на проектен тим од Словенија, изјави на денешната промоција во Гевгелија амбасадорот на Словенија во нашата земја, Милан Јазбец.
Тој истакна дека при посетите на општините од југоистокот на Македонија увидел дека им треба експертска помош почнувајќи од утврдување на потребите и можностите за аплицирање па се до подготовка на апликациите и имплементација на проектите.
- Нискиот процент на икористеност на ЕУ фондовите е една од најслабите точки на Македонија на патот кон ЕУ поради што произлезе и нашата иницијатива да им се помогне на општините преку формирање на посебен проектен тим. Во првата фаза очекуваме да бидат постигнати договори за заедничка соработка, а веднаш потоа ќе бидат формирани тимовите и утврдени листите на проекти кои ќе треба да се реализираат. Наша цел е да им помогнеме на општините од Македонија да остварат поголема достапност и успешност пред европските програми и фондови што е особено важно по добивањето на препораката од ЕУ за пристапни преговори со Македонија, нагласи Јазбец.
Словенечкиот амбасадор потенцираше дека нивните искуства и резултати во поглед на реализираните проекти од европските фондови се однесувале главно на проекти од прекуграничната соработка.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Методи Хаџијанев, професор по безбедност
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Дали движењето ЗНАМ ќе ја напушти владејачката коалиција?
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Самарас: Грција да најде начин да се повлече од Преспа
-
На министерката за енергетика и е прифатено барањето за откажување од бугарското државјанство