Словачкиот шеф на полицијата заминува од функцијата поради убиството на новинарот Куцијак
Словачкиот премиер Петер Пелегрини постигна договор со шефот на полицијата Тибор Гашпар за негово заминување од таа функција.
Оставка од Гашпар бараа граѓаните на протестите, кои траат веќе неколку месеци, поради спроведување независна истрага на убиството на Јан Куцијак и неговата вереница, бидејќи досегашниот шеф на полицијата го гледаат како главна препрека за откривање на убиецот и налогодавачот на таа ликвидација.
Пелегрини изјави дека Гашпар ќе замине од функцијата на 31 мај и наведе дека „преку името Тибор Гашпар се напаѓа цела полиција“ и дека „веќе не е во прашање функцијата шеф на полиција“.
- Шефот на полиција е компетентна личност, која има квалификации да раководи со полицијата. Меѓутоа, увидовме дека околу неговото име се создаде огромен политички притисок, а тоа не е добро. Се договоривме да замине од функцијата на 31 мај, рече Пелегрини.
Претседателот на Словачка Андреј Киска, на премиерот привремено му го довери водењето на ресорот за внатрешни работи, бидејќи министерот Томаш Друкер поднесе оставка.
Дукер во понеделникот рече дека поднесува оставка, бидејќи не нашол причина да го смени шефот на полицијата, а не сака да внесува раздор во словачкото општество, кое бара смена на Хашпар.
Ново на Сител
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР
-
Во недела Силјановска ќе биде инаугурирана за претседателка на државата
-
ВМРО-ДПМНЕ почнува преговори за нова Влада, поставени три принципи за коалицирање
-
Само 18 мандати за СДСМ во Парламентот – дел од партиските функционери поднесоа оставки
-
Анализа: На што се должи поразот на изборите на СДСМ?
-
Пристигнаа првите честитики за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска
-
Преглед на вестите од светот