Словачкиот претседател Пелегрини во официјална посета на земјава
Претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини, денеска ќе престојува во официјална посета на земјава. Словачкиот претседател ќе биде пречекан од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести на церемонија во нејзиниот кабинет, по што ќе биде одржана тет-а-тет средба, а потоа и пленарен состанок на македонската и словачката делегација.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и словачкиот министер за економија Владимир Шимоњак ќе потпишат меморандум за соработка во областа на економијата, по што е предвидена заедничка прес - конференција на претседателката Сиљановска-Давкова и претседателот Пелегрини.
Словачкиот претседател потоа ќе го посети и Собранието каде што ќе има средба со претседателот на законодавниот дом Африм Гаши.
Во рамки на официјалната посета, Пелегрини ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
МИА
Ново на Сител
-
Македонија и Словачка потпишаа Меморандум за економска соработка
-
Кумановец измамен за над еден милион денари при купување градежни машини
-
Приведен гостиварец кој управувал возило под дејство на алкохол и предивикал сообраќајна незгода
-
Во септември за 93 лица кривични за дела поврзани со недозволена трговија со дрога, запленети над 38 кг марихуана
-
83-годишник од струмичко со мотоцикл паднал на коловозот и тешко се повредил
-
Реконструкција на Железничката станица во Скопје, треба да биде готова за пет-шест години
-
19-годишник од Скопје во период од 18 дена украл велосипеди и електрични тротинети во вредност од 170.000 денари
-
Уапсени родители од Дебар, ја терале малолетната ќерка да питачи