Словачки грантови за Институот за социолошки и политичко - правни истражувања и за Црвениот крст

Амбасадата на Република Словачка во Скопје денеска на Институтот за социолошки и политичко - правни истражувања при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј во Скопје и на Црвениот крст на Република Македонија - Црвен крст на Град Скопје им додели микрогрантови од по десет илјади евра.
Институтот за социолошки и политичко - правни истражувања средствата од микрогрантот ќе го искористи за купување опрема и реновирање на просториите кои беа оштетени од пожарот што избувна на 21 април годинава. Ќе се купува мебел, компјутерска техника и климатизација.
Со микрогрантот за Црвениот крст на Република Македонија во период од шест месеци ќе се обезбеди комплетна здравстена и социјална грижа за 180 лица во трета доба во Дневните центри во Скопје-Центар, Чаир и Сарај.
Амбасадорот на Словачка во Македонија Мартин Безак истакна дека микрогрантовите се дел од словачката развојна помош наменета за хуманитарни цели.
На Институтот, како што рече Безак, помошта му се доделува да се справи со последиците од пожарот, а на Црвениот крст на Република Македонија да ги искористи за помош на социјално и здравствено зависни луѓе со цел да им се олесни животот.
Ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски истакна дека и со оваа помош што му се доделува на Институтот уште еднаш се покажува дека Амбасадата на Република Словачка во Македонија е докажан пријател кој секогаш излегува во пресрет кога тоа е потребно. На ваков начин, рече, се дополнително се зацврстува соработката меѓу двете земји.
Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити, пак, рече, дека доделените средства ќе бидат наменети за поддршка на спроведувањето на активностите насочени во делот на грижата за стари лица. Тие активности, посочи, се наметнуваат со процесот на стареење на населението. Средствата, како што потенцира, ќе бидат наменети за реализирањето на активности во дневните центри за стари лица.
Со оваа поддршка и донација, рече Саити, словачката Амбасада станува дел од активностите на Црвениот крст, ја покажува нејзината дополнителна амбиција за општествено одговорно однесување и станува дел од оние кои помагаат во подобрување на квалитетот на животот на старите лица.
Микрогрантот во име на Институот го презеде директорката Мирјан Борота Поповска, а за Црвениот крст на Град Скопје, секретарот Сузана Тунева Пауновска.
Ново на Сител
-

Две момчиња од Скопје тврдат дека биле претепани од полицајци, МВР отвори истрага
-

Пред крајот на месецот дигитална лична карта
-

Муцунски во Софија без договор за суштинските прашања: Недовербата и натаму е пречка
-

Мицкоски: Опозицијата и Филипче трујат со лаги, Фон дер Лајен ги демантираше со потврда дека има реформи
-

Трамп се правда по изјавата за уништување градови во Калифорнија: „Бев погрешно разбран“
-

Чупиќ: Јас сум виновен за поразот
-

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

САД ќе го пренесуваат во живо стрелањето на осуденикот Нидал Хасан
