Словачка е втората членка на ЕУ која ја одобри вакцината „Спутник В“

Словачка е втората земја-членка на Европската унија што ја одобри вакцината „Спутник В“ од руско производство, која се уште не е одобрена од регулаторот за лекови во Унијата – ЕМА .
Словачката Влада побара од министерот за здравство, Владимир Ленгварски, до 7 јуни да ја направи вакцината достапна до граѓаните, пренесе Фена.
Словачка има на располагање 200.000 дози од вакцината „Спутник В“, но досега не дозволи нивна употреба.
Унгарија досега беше единствената членка на ЕУ што ја користи вакцината „Спутник В“, што не е одобрено од Европската агенција за лекови.
Американските меидуми потсетуваат дека словачкиот таен договор за набавка на два милиона вакцини „Спутник В“, организиран од тогашниот премиер Игор Матович, предизвика сериозна политичка криза во земјата, што резултираше со пад и потоа реконструкција на словачката Влада.
Ново на Сител
-

Експерти: Силните ветришта во Скопје не се вообичаени, но нема да бидат изолиран случај
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен амбасадор
-

Скопје ден по невремето со ветер со јачина на ураган
-

Урагански ветар пустошеше по Истокот
-

Епидемијата во Гостивар стивнува велат од здравство, цистерни вода ќе се носат од други градови
-

Брисел ни ги достави задачите што треба да ги исполниме до декември
-

Ганди доби биста во Музејот на Град Скопје
-

Просечната плата се доближува до 50 илјади денари: Кои работници се најплатени?
