Слот по победата над Челси: Најтешкиот натпревар досега, вложивме неверојатен напор
Ливерпул славеше во дербито на осмото коло од Премиер лигата на домашен терен против Челси со 2:1, а тренерот на „црвените“ Арне Слот по мечот истакна дека ова бил најтешкиот тест за неговиот тим оваа сезона.
Ливерпул со победа се врати на првото место на табелата во меч кој лесно можеше да заврши и на друг начин.
- Многу натпревари беа тешки оваа сезона, но оваа беше веројатно најтешкиот. Не само поради големиот број на квалитетни играчи кои ги има Челси, туку и поради структурата. Се браневме со сите сили, вложивме неверојатен напор. Некои работи не ни одеа во прилог. Важен момент беше доделувањето, а потоа одземањето на пеналот кон крајот на полувремето. Поинаку ќе беше да беше 2:0 на полувреме. Вака примивме гол уште на почетокот на вториот дел. Но, успеавме да одговориме и да постигнеме втор гол. Покажавме кои сме, тоа е најважно, изјави Холанѓанецот по дуелот.
Ливерпул има уште едно дерби во следното коло, овојпат ќе гостува во Лондон кај Арсенал.
Ново на Сител
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица