Слоновите во САД не се луѓе, пресуди највисокиот суд во Колорадо

Врховниот суд на американската сојузна држава Колорадо вчера пресуди дека пет слона од Зоолошката градина на Шајен не се луѓе и според тоа, го немаат човековото право да бидат ослободени од установата.
Како што пренесе ДПА, Судот утврди дека слоновите Миси, Кимба, Лаки, Лулу и Џамбо - како „нечовечки животни“, во САД немаат право на „Хабеас корпус“ (habeas corpus) - правен концепт што им дозволува на луѓето да тврдат незаконско притворање на суд и да бараат ослободување. „'Хабеас корпус' не се однесува на нечовечки животни ('non-human animals'), без разлика колку тие се умствено, психолошки или социјално софистицирани“, се наведува во судската одлука.
Здружението „Проект за нечовекови права“, коешто го покрена случајот, тврдеше дека мислењето на Судот „овековечува јасна неправда“. Тие сметаат дека слоновите, родени во дивината на Африка, имаат право на слобода бидејќи се „самостојни и извонредно когнитивно и социјално сложени“ суштества.
„Затоа, животните мора да бидат пуштени во акредитирано засолниште за слонови во САД. Како и со другите движења за социјална правда, се очекуваат рани загуби бидејќи го предизвикуваме вкоренетиот 'статус кво' што им овозможи на Миси, Кимба, Лаки, Лулу и Џамбо да бидат препуштени на ментално и физичко животно страдање“, се вели во соопштението на активистите.
Зоолошката градина ги отфрли сите предлози и наводи, како и дека слоновите „добиваат нешто помалку од извонредна грижа“, се додава во судската одлука.
Ново на Сител
-

Дали изјавата на Филипче за заедничка одговорност за уставните измени значи покана за широка влада?
-

Тема на денот со Андон Чибишев, доктор
-

„Костал“ за 10 години стана петта извозна компанија во Македонија
-

Сиљановска збунета од објаснувањата за „шпиунската“ афера
-

Извештај на ФЗО: Вработени во општи болници имаат високи примања, а лекуваат малку пациенти
-

Мерц со иновативни предлози за проширувањето
-

Филипче: Иницијативата на Мерц е уште еден доказ дека постои желба за проширување на ЕУ
-

Мицкоски: Наскоро успесите на владата ќе ги гледаат само на телевизија
