Слики од Вевчанската ликовна колонија пред њујоршката публика
Слики од Меѓународната ликовната колонија „Вевчански видувања” деновиве се изложени во њујоршката MC Gallery.
Повеќе од 50 уметнички творби на реномирани македонски, балкански и светски афирмирани уметници, учесници на Колонијата, се изложени во овој простор лоциран во центарот на сите уметнички и културолошки збиднувања во Њујорк.
Изложбата, која посетителите можат да ја погледнат од вчера, ја отвори амбасадорот на Република Македонија во САД, Васко Наумовски, кој, меѓу другото, се осврна на важноста од натамошно афирмирање и поттикнување на македонската уметност, како начин за уште поголема афирмација на државата.
Сликите од Колонијата ќе бидат изложени MC Gallery во Њујорк до 20 април.
Изложби со слики од Колонијата изминатите години беа организирани во повеќе градови во Македонија, но и надвор од неа како во Подгорица и Софија.
Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања” веќе секое лето веќе седум години се одржува во ресторанот „Виа Игнација“ во Вевчани, со поддршка на компанијата ВИА ДОО од Вевчани.
На крајот од секоја колонија, а во функција на натамошно афирмирање на уметноста, организаторите издаваат висококвалитетен каталог на македонски и на еден друг светски јазик (најчесто англиски или француски) на кој се поместени фотографии од делата на авторите со нивна биографија и контакти, како и соодветни критики за нив.
Ново на Сител
-
Анализа: Колку се сериозни заканите од ДУИ и дали коалицијата е пред распад?
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Прв говор на Трамп пред Конгерсот, аплаузи и скандирања
-
Опозицијата ја бојкотира денешната седница, инцидентите во српскиот парламент ќе ги расветлува обвинителството
-
Мицкоски не се видел со Груевски во Будимпешта, ќарот од Унгарија е милјарда евра
-
Мицкоски: Ни го распродаде македонскиот јазик, а сега се зборува за албанскиот
-
10-годишно дете заврши на хирургија, откако врз него паднала гранка од дрво
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко