Живот
17. July 2016 - 14:14

Сликата од „златниот човек“ го насмеа светот, но неговата трагична судбина ќе ве растажи

Дата Фуге, индискиот бизнисмен кој ширум светот беше познат како „златниот човек“, откако беше снимен во кошула тешка 3,5 килограми направена од чисто злато, вчера е претепан до смрт, јавија медиумите.

Според извештаите, овој 48-годишен бизнисмен го нападнала група луѓе со српови и камења и го тепале додека не умрел. На ова присуствувал и неговиот 22-годишен син, кого напаѓачите го поштедиле.

Според полициските извештаи, Фуге и неговиот син се враќале од роденденска забава која ја организирала еден од луѓето што го убиле. Полицијата се сомнева дека мотив за нападот е кавга околу пари.

Foto: Profimedia/AFP

Фуге за својата кошула која го прослави, плати околу 20.000 евра.