Следува период на топло време и повисоки температури

Времето денес во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, попладне во западните и во југозападните планински делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се движи од 10 до 19, а максималната од 30 до 37 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до мерена облачност и со слаб претежно југоисточен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 19 до 35° С.
УВ индексот ќе изнесува 8.
Во наредните денови продолжува претежно стабилно и топло време во кој дневните температури ќе бележат пораст, а до средината на наредната седмица на повеќе места ќе надминуваат 35 степени. Во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и 39 степени. Во овие денови во попладневните часови во западните планински делови ќе има почеста облачност. Од петок температурите позначително ќе опаднат и ќе има повторно појава на нестабилност проследена со локален пороен дожд и грмежи.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: не се оди надвор без да се постигне консензус дома
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Нови апсења поврзани со проневера во „Државна лотарија“
-

Во четврток средба Муцунски – Петрова во Софија
-

Филипче: Сите лаги на Мицкоски се разобличени - ЕУ го потврди македонскиот идентитет
-

Поевтинуваат бензините и дизелот
-

Реформа на пензискиот систем веднаш – Фискалниот совет предлага повисоки придонеси и зголемување на пензии
-

Пензионерите добија три проценти повисоки пензии
