Следува период на многу топло време, здравствените власти со препораки до граѓаните

Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Високите температури ќе се задржат и во текот на вечерните и ноќните часови.
За денеска се најавува многу топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Институтот за јавно здравје препорачува да не се излегува на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да се носи светла и лесна облека, заштитни очила и светлобојна капа. При престој на отворено во најтоплиот период да се прават чести одмори под сенка, да се внесува умерена количина храна, да се избегнува масна и висококалорична храна, како и храна која содржи голема количина шеќер, да се внесува доволно вода и минерални безалкохолни пијалаци без да се чека да се почувствува жед, да се избегнува алкохол, пијалаци што содржат кофеин и многу студени пијалоци.
Ранливите групи кои ги опфаќаат лицата над 60 години, бремените жени, децата, социјално ранливите, работниците на отворено, како и тие со хронични заболувања (кардиоваскуларни болести, невролошки, белодробни и бубрежни болести, шеќерна болест, ментални болести, дебелина и лица под терапија која го зголемува мокрењето), потребно е да бидат посебно дисциплинирани за овие препораки и да ја земаат својата редовна терапија. За сите промени во здравствената состојба задолжително да го консултираат својот матичен лекар.
Доколку се јави чувство на зашеметеност, слабост, вознемиреност или интензивна жед и главоболка, треба да се побара помош, да се оди во постудено место колку што е можно побрзо и да се измери телесната температура, да се консумира вода или негазиран минерален пијалак. При болен мускулен грч, најчесто во нозете, рацете и во стомакот, потребен е одмор на студено место и консумирање течност која содржи електролити. Лекарска помош е потребна ако топлотните грчеви траат подолго од еден час.
МИА
Ново на Сител
-

Ангелов: Спречена катастрофа во виничко, запалена трева при сечење со брусилица | ВИДЕО
-

Приведен полицаецот кој наплаќал казни во кеш наместо преку ПОС-терминал и го оштетил Буџетот за 85.500 денари
-

Во заедничка акција на Шпанија и Еквадор запленети 21 тон кокаин
-

Багаи: Иран и Оман постигнаа договор за бродската рута низ Ормуска Теснина
-

Закон за „граѓанска смрт“ во Русија: Москва им замрзнува имот и конзуларни услуги на емигрантите осудени во отсуство
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани 14 пожари на отворено, активен е пожарот кај Грешница
-

Утре сончево и многу топло со температура до 39 степени
-

Шекил О'Нил: Леброн ќе се обиде да дојде до 50.000 поени
