Следните неколку месеци ќе бидат најтопли во последните 130 години
Според најновите информации кои ги објави НАСА, април оваа година е шести месец по ред со температури мерени на глобално ниво, повисоки од просекот
Имено, температурите во април биле повисоки за еден процент во однос на просекот кој опфаќа мерење во период од 1951-1980.
Април со толку високи температури најавува мошне топла 2016 година. Се предвидува неколку месеци да имаат абнормално високи температури кои не се забележани во последниве 130 години. Еден од експертите наведе дека следната недела НАСА ќе објави податоци кои укажуваат дека последните 12 месеци температурата на глобално ниво ги оборила сите рекорди, пренесува британски Independent.
„Ова е застрашувачки. Не можам да предвидам што ќе се случи следно. Знаевме дела Ел Нињо ќе има влијание на климата, но никој не очекуваше ваков скок“, вели метеорологот Ерик Холтхаус. Тој истакнува дека резултатите на мерењето покажуваат дека температурата на глобално ниво пораснала за 25 отсто во споредба со 1880 година, од кога се вршат мерења.
Холтхаус истакнува дека порастот на температурата има последици на животната средина и додава дека нивото на мраз во океаните ова лето ќе биде многу ниско. Во меѓувреме, околу четвртина на сите корални колонии во океаните претрпе избелување поради топлите води и зголемена киселост на морето. Рекордните температури ќе се задржат во наредните четири до шест месеци.
Повеќето експерти веруваат дека човечката активност има сериозно влијание на промената на климата на планетата. Петтиот извештај на ОН за проценка на меѓувладната група за климатски промени јасно укажува дека човечкиот фактор е пресуден за промената на климата.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Србија останува стабилна, нема одлука за избори по оставката на премиерот
-
Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија
-
Тема на денот со Маријана Лончар Велкова, претседателка на организација на потрошувачи
-
Бојкот на маркетите во петок, поради високите цени
-
ЕСМ бара поскапување на парното
-
Касами ќе премиенува 300 улици во Тетово, премиерот дециден - Владата нема да одобри еднострани одлуки на општината
-
Владата одлучи: 250 милони евра од унгарскиот кредит на располагање на стопанството
-
Утре ќе стигнат дел од дефицитарните лекови на Онкологија