-->
-->
Следи поскапување на нафтата - најголемо во последните 15 месеци
-->

Лоши вести за возачите пристигнуваат од светските берзи. Цената на нафтата во текот на вчерашниот ден се искачи на највисоко ниво во последните 15 месеци.
Барел нафта од типот брент која се увезува и во Македонија, вчера се продаваше по цена од 52,67 долари за барел, што гарантира ново поскапување на горивата во Македонија за две недели.
Регулаторната комисија за енергетика последната корекција на ја направи во понеделник на 17 октомври. Тогаш 95 октанскиот бензин поскапи за 1,5 денари, а дизелот и 98 октанскиот ЕВРОПСУПЕР за 2 денари по литар.
Според таа пресметка, просечната цена на суровата нафта за изминатите две недели била 49,8 долари за барел.
Ако се има предвид дека сме на средина од двонеделниот период во кој регулаторот врши корекции, а трендот на светските берзи вели дека нафтата ќе станува се поскапа, идниот понеделник речи си извесно е дека ќе имаме ново поскапување на горивата во Македонија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Собраниски делегации на Илинден во Пелинце, Скопје и Крушево
-
Лавров: Разговорот за украинското прашање меѓу Русија и САД дава резултати
-
Италија ќе започне со воздушна испорака на помош за Газа од 9 август
-
Во ИЈЗ воведена втора смена на микробиолошката лабораторија и други новини во интерес на граѓаните
-
Двајца браќа го попречиле патот на комбе во кое се превезувало семејство - им го скршиле стаклото и ги нападнале
-
Обвинение за бесправно градење во Битола
-
Зеленски: Украина е подготвена за мировен самит доколку Русија покаже сериозност и волја
-
Косово ги укина царините за стоки од САД