Живот
14. November 2017 - 11:50

Следеле леш на кит во океан, а тогаш налетале на џиновски ајкули: Следел масакр а ја нападнале и подморницата

Истражувачката подморница "The Blue Planet II" следела леш на кит кој некое време бил на површината на Атлантскиот океан, кога наишла на група ајкули.

Кога научниците дошле до длабочина од 750 метри, на која телото на китот потонало, затекнале голем број џиновски ајкули - Hexanchus griseus, кои можат да пораснат и до осум метри.

Поради големата конкуренција, ајкулите станале агресивни напаѓајќи се меѓусебно, а не биле и среќни поради присуството на подморницата.

Нормално на научниците не им било сеедно иако подморницата била многу силна, но ајкулите бргу сфатиле дека подморницата не им претставува конкуренција па продолжиле по својот пат.

Погледнете го видеото: