„Скршнувања“, најнова книга од Димитар Башевски

Во издание на издавачката куќа „Слово“ од Скопје, излезе најновата книга „Скршнувања“ од романсиерот и поет Димитар Башевски.
„Скршнувања“ е поетска книга која доаѓа по објавените десетина романи и пет книги поезија на овој автор. Во книгата има обемен поговор од академик Катица Ќулавкова под наслов „Некои белези на поезијата на Димитар Башевски“.
Во својот аналитичен текст, Ќулавкова заклучува дека може да се сумира оти поезијата на Башевски има психолошка димензија. Според неа, Башевски како поет тематски е опседнат со парадоксалните и менливи идентитети на поразот и подвигот.
Романите на Башевски објавувани се во повеќе изданија во дражавата и преведувани се надвор. Неговите поетски книги се објавени во странство на неколку европски јазици.
Ново на Сител
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Санкционирани 104 непрописно паркирани возила во Центар за една недела
-

Колумбија: Најмалку 16 матуранти загинаа во пад на автобус во клисура длабока 80 метри
-

Најстудено утрово во скопски Петровец и Берово -6 степени
-

Запленета брендирана стока и разновиден алат, две лица приведени | ФОТО
-

СДСМ утре ќе го бира новото раководство
-

Почувствуван земјотрес во Скопје и околината
-

Од денеска нова авиолинија од Скопје до Прага на „Визер“
