СКРМ бара нов закон за култура

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) бара да се изготви целосно нов закон за култура во кој културните работници нема да бидат изедначени со јавната администрација.
- Во пракса се покажува и докажува дека измените во Законот условуваат низа нерешливи ситуации и рестрикции за вработените, без при тоа да донесат какви било подобрувања и ефикасност во работата. Затоа, повторно инсистираме да се изготви целосно нов закон за култура во кој ќе се исфрлат сите неуставни измени на изедначување на културните работници со јавната администрација. СКРМ може да помогне во изготвување на еден современ закон усогласен со европското законодавство, соопшти СКРМ.
Синдикатот наведува дека културата е премногу широк феномен за да може да биде опфатена со еден единствен закон и дека во најголем број земји во светот постојат единствено посебни закони со кои се регулираат одделни сфери од културата.
- Но, ако се инсистира да се продолжи традицијата за закон за култура, тоа треба да биде еден општ закон кој ќе го регулира единствено она што им е заедничко на сите сфери на културата, како појмовните одредби, опсегот, етичките прашања, финансирањето и сл. Во него треба да се исфрлат сите членови кои секаде во светот се решаваат во законите за работни односи, како и во колективните договори, но никако во Законот за култура, соопшти Синдикатот на културата на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
-

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите
-

Ученик претепан на голем одмор пред среднo училиште во Скопје, еден од напаѓачите извадил пиштол
-

Одложено испитувањето на сведоците во случајот „Лотарија“, за доказите одбраната ќе се произнесе на 30 октомври
-

Ученик физички нападнат од наставник во основно училиште во Шуто Оризари
-

ОКТА воведува попуст од два денара по литар дизел гориво
