„Скрин интернешенал“ за филмот „Врба“

„Скрин интернешенал“, еден од најголемите светски филмски магазини, објави одлична рецензија за „Врба“ и филмот на Милчо Манчевски го оцени како „величествено, карактерно раскажување“. За филмот овој магазин пишува по фестивалот во Талин, каде што „Врба“ играше во програмата „Потписи – најнови филмови на велемајсторите“.
Критичарот Деметриос Матеу вели дека „Врба“ е „еден од оние филмови кои се чинат лабави додека ги гледаш, но кои допираат до сржта и остануваат таму, трогателни и длабоки“. Тој, меѓу другото, наведува дека „Врба“ го следи структурниот заштитен знак на режисерот – збирка приказни, кои го премостуваат времето и местото, а сепак се поврзани на некој начин.
Критичарот со пофални зборови за продукцијата за која вели дека е за пример, како и за музиката на Кирил Џајковски – „префинета со влијанија од македонската народна музика, поттикнува емоции секојпат кога ќе засвири“.
Магазинот пишува дека филмот ќе биде привлечен за меѓународната уметничка публика поради „универзалната тема, возбудливото раскажување и можноста што Манчевски им ја дава на трите префинети актерки“.
Исто така, за време на фестивалот во Талин, најтиражниот естонски весник „Постимеес“ го вброи „Врба“ меѓу топ 5 филмови што треба да се видат, нарекувајќи го „многу хумана и мајсторски изведена приказна што го одзема здивот“.
Ново на Сител
-

Норис победник на трката во Бразил, титулата кај конструкторите за Мерцедес
-

Алкараз победник на Мастерсот 1000 Париз
-

Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата
-

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
