Скопско со нова кампања: Вкусот што нѐ опушта и прави да сме свои
Оваа година, Скопско започнува нова кампања посветена на она што станува сѐ поретко во денешницата – вистинското опуштање и автентичната поврзаност. Во свет каде живееме под постојан притисок да бидеме совршени и да одржуваме слика што не е секогаш искрена, Скопско ја слави вистината и ни нуди момент да здивнеме.
Со својот автентичен вкус – оној што го препознаваме во првата голтка – и со вековната врска со луѓето, Скопско останува симбол на блискоста, опуштањето и вистинските моменти. Тоа е совршениот придружник за опуштање: пивото што нѐ потсетува на она што навистина е важно: да бидеме свои, да се поврземе и да уживаме во вистинскиот пивски вкус.
Придружен со познатата песна „Нешто недостасува“ од македонскиот бенд АРЕА, ТВ спотот е уште една потврда за поддршката што Скопско континуирано ја дава на македонската музика и култура. Кога нешто недостасува – можеби тоа е токму оној препознатлив Скопско вкус што нè враќа на себе и прави да сме свои.
СКОПСКО И СЀ Е МОЖНО ОД 1924.
Ново на Сител
-
Приведен возач од струшко, управувал возило со 176 км на час каде дозволената брзина е 80 км на час
-
Кривична пријава за криумчарење пиротехника - запленети и цигари и фалсификувана стока | ФОТО
-
Приведено лице затекнато како потпалува ѓубриште и сува трева во близина на штала со добиток
-
Кривични пријави против две лица за неовластено поседување огнено оружје и муниција | ФОТО
-
Висината на цунамито во Северо-Курилск достигна пет метри
-
Владата чека оставка од обвинителот Коцевски
-
Чешкиот „Блек хок“ се очекува да полета кон планината Готен, пристигнаа и словенечките пожарникари
-
Македонци во Тајван, сведочат за предупредувањето и опасноста од цунами по земјотресот на Камчатка