Скопските пожарникари демонстрираа професионалност и пожртвуваност

Скопските пожарникари вчера повторно на терен ја покажаа својата професионалност и пожртвуваност. Во 06:50 часот добија дојава за пожар во просториите на поранешна Комерцијална банка каде се сместени повеќе државни институции меѓу кои Инспекторатот за животна средина и просторно планирање, Медиумската информативна агенција и Секретаријатот за европски прашања.
Првично беа испратени екипи со две возила, но веднаш потоа пристигнаа дополнителни возила. Во акцијата беа вклучени девет возила и 24 пожарникари кои дадоа натчовечки напори да се изборат со огнената стихија и високата температура која ја создаваше огнот.
По речиси два часа присебност, тимска работа и демонстрирање висока професионалност, пожарот го ставија под контрола, без притоа да има повредени. Само еден пожарникар имаше задушување од чадот, но по интервенцијата на Брзата помош, тој беше во стабилна состојба.
Трагите од чад и пот на нивните лица и обидите што е можно поскоро да се лоцира и локализира пожарот укажуваа дека станува збор за сложена интервенција во која времето беше пресуден фактор.
Во моментот на пожарот, немало никој во Инспекторатот, а пожарникарите успеале полесно да се снајдат во внатрешноста на зградата, благодарение на шемата која ја добиле од вработените во МИА кои пристигнале меѓу првите.

– Се работи за стара поранешна Комерцијална банка, која внатре е преградена со ходници, гипс картони и стаклени врати. Не работи ниту еден хидрант. Тоа ни претставуваше дополнителен проблем бидејќи не можевме да интервенираме од внатрешна страна и моравме да интервенираме однадвор. Немаше ниту еден од вработените во Инспекторатот внатре. Точно не знаевме како да пристапиме се додека не дојдоа вработените од МИА кои ни дадоа шема како се влегува и од предната и од задната страна. Така побрзо го лоциравме пожарот и веднаш го локализиравме, изјави Симоновски.
Скршени стакла, уништени канцеларии, електроника и архива е сликата што остана да сведочи за пожарот во просториите на Инспекторатот за животна средина и просторно планирање.
Првичните информации говорат дека се оштетени шест канцеларии на Инспекторатот за животна средина и просторно планирање. Уништена е и архивата на Инспекторатот, но како што информираа оттаму, имаат електронска евиденција за документиte. Велат причинета е и друга материјална штета, но не можат да кажат што конкретно е уништено, бидејќи тоа ќе биде познато откако ќе заврши увидот.
Во пожарот уништени се и дел од канцелариите на вториот кат каде се наоѓа Медиумската информативна агенција, која и во вакви услови продолжува да работи. Продукцијата на вести не престана ниту во текот на вчерашниот ден. Секојдневно се пласираа информации не само за пожарот, туку и за сите останати случувања како во земјава, така и во странство.
Останува истражните органи да утврдат од што настанал пожарот. Според првиот човек на Противпожарната бригада најверојатно причина за пожарот е неисправна електрична инсталација бидејќи во овој период од годината причинител не може да биде грејно тело.
Ново на Сител
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
