Loading Video...
Тенис
16. јуни 2022 - 18:19

Скопскиот турнир без Македонци во 1/4-финалето во „сингл“, но со полуфиналисти во игра на двојки

На терените на Југ во Скопје се игра вториот ИТФ турнир, на кој денеска на програмата беа дуелите од осминафиналето во поединечна конкуренција, како и четвртфиналето во двојки. 

 
Во оваа рунда, во сингл конкуренција, настапија само двајца македонски тенисери, и обајцата беа елиминирани.
 
Берк Бугариќ загуби од првиот фаворит Орландо Луз од Бразил во двата сета освојувајќи по само еден гем (6-1 и 6-1), додека Обрад Марковски кој за противник го имаше петтиот носител Моез Ехрагуи од Тунис беше поразен со 6:3 и 6:2.
 
Затоа пак во игра на двојки, Калин Ивановски и Стефан Мицов се пласираа во полуфиналето. 
Тие во четвртфиналето се сретнаа австралискиот тандем, Метју Ромиос и Брендон Волкин, кој уште во првиот сет го предаде мечот. 
 
Така противници на нашиот тандем за влез во финалето ќе бидe романско-молдавската двојка Илја Снитари и Стефан Палоси.