-->
-->
Скопската обиколница утре отворена за сообраќај
-->
Обиколницата околу Скопје утре ќе биде отворена за сообраќај поради метеоролошките најави за интензивни врнежи дожд, соопшти Манифектура продукција во име на „Шик филмс“.
Во сабота, пак, обиколницата од 5:00 до 18:00 часот ќе биде затворена за сообраќај.
На скопската обиколница францускиот „Шик филмс“ го снима филмот „А фонд“. Поради снимањето на филмот за до крајот на месецов беше најавено дека обиколница ќе биде затворена од 7 до 19 часот.
Според Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), сообраќајот на патиштата во државата се одвива по влажни коловози.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Со фалц документи тргувале со нафта на големо
-
Обвинение за членови на група за проституција и дрога, вмешан и полицаец
-
Матичните лекари бележат зголемен број на болни од грип и други респираторни инфекции
-
Уметност без пари
-
Две тукушто родени близначиња починаа во Прилеп
-
Николоски: Нова евтина авиолинија
-
Дел од маркетите замрзнаа цени на основни производи во наредните шест месеци
-
Продолжува протестот на УПОЗ