Скопска апелација ја потврди пресудата за „Монструм“
Апелацискиот суд Скопје ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 од 30 јуни 2014 година за случајот „Монструм“ .
- Апелацискиот суд Скопје со пресуда КОКЖ.бр.108/14 од 9.10.2015 година, одлучувајќи по жалбите на јавниот одбвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје и обвинетите, ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 Скопје КОК.бр.80/12; КОК.бр.88/13 од 30.6.2014 година во предметот познат во јавноста како „Монструм“, се вели во денешното соопштение од скопска Апелација.
Со цитираната пресуда на Апелацискиот суд Скопје по одржаната јавна седница и сеопфатната анализа на доказите и оценка на жалбените наводи, жалбите на обвинетите А.И., А.Д., А.И., Ф.А. и С.Љ. огласени за виновни за кривично дело „тероризам“ од Кривичниот законик, како соизвршители и обвинетиот Х.А. огласен виновен за кривично дело „тероризам“ како помагач, и осудени на казна доживотен затвор изречена од страна на првостепениот суд, се одбиваат како неосновани.
- Со одлуката на Апелацискиот суд Скопје, жалбата на јавниот обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, изјавена во ослободителниот дел на првостепената пресуда, со која обвинетиот Р.С. е ослободен од обвинението за кривичното дело „тероризам“ од Кривичниот законик како соизвршител со останатите обвинети, се одбива како неоснована, се наведува во соопштението од Апелацискиот суд Скопје.
Ново на Сител
-

Уставните судии имаат три опции за линеарното зголемување на пензиите, вели Мицкоски
-

УЈП прави напори парите од МојДДВ да се исплатат до крајот на неделава
-

Родителите трошат годишно во просек од 160 000-200 000 денари за да одгледаат дете
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Мицкоски: Силна поддршка за Сејф Сити
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе има безбеден сообраќај
-

Николоски: Интензивно работиме на изградба на патиштата
