Скопје во новогодишна атмосфера - Светна елката во центарот
Со хор од 100 дечиња кои пееја божиќни песни светна новогодишната елка на скопскиот плоштад.
Централната новогодишна елка e висoка 21 метри и е осветлена со неколку илјади светилки и светлосни фигури во различни бои.
Годинава за првпат плоштадот е декориран и со светлосна фонтана и со светлосен тунел.
Покрај плоштадот, во поширокиот реон на централното градско јадро се украсени и следните улици:
Булевар „Илинден“ до раскрсницата со ул. „Френклин Рузвелт“,
просторот пред Владата на Република Македонија,
ул. „Даме Груев“,
Булевар „Партизански одреди“ до раскрсницата со бул. „8 Септември“ и платото пред Универзална сала,
ул. „Димитрие Чуповски“,
ул. „11 Октомври“,
Булевар „ВМРО“,
ул. „Филип Втори“, на потегот од раскрсницата кај Специјалната болница за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ до раскрсницата кај Т.Ц. „Мавровка“,
просторот пред Судската палата и бул. „Гоце Делчев“ од Т.Ц. „Мавровка“до Влада на Република Македонија,
Старата чаршија пред националната галерија Чифте Амам,
украсување на Паркот „Жена борец“,
украсување на просторот пред црквата „Св. Богородица“,
украсување на плоштадот „Филип Втори“, пред црквата „Св. Димитрија“,
украсување на улица „Македонија“,
Бул. „Климент Охридски“ од Влада на РМ до зградата на „Нова Македонија“,
Плоштад Пресвета Богородица,
Булевар Крсте Мисирков до крстосница со улица Цветан Димов
Булевар Христо Татарчев до крстосница со булевар Гоце Делчев, до раскрсница со улица Цветан Димов,
Булевар Александар Македонски од крстосница со улица Беласица до крстосница со улица 16 Македонска бригада.
Ново на Сител
-
Групна тепачка во Батинци, учествувале 11 лица, употребени и остри предмети
-
ЦУК: Вкупно 12 пожари на отворен простор, два активни, еден под контрола и девет изгаснати
-
Пожарот кај Вардариште ставен под контрола, постепено се вклучува струја во Аеродром и Ново Лисиче
-
Телефонската линија 192 повторно е во функција
-
Четири лица, меѓу кои две малолетни тешко повредени откако се преврте автомобил на автопат
-
Папата повика на прекин на огнот во Украина: „Оружјето мора да замолчи“
-
СВР Скопје: Поради технички причини не е во функција телефонскиот број 192
-
Поради пожар на Вардариште без струја Аеродром и Лисиче