Скопје танцов театар со премиера на „Непознато“
Скопје танцовиот театар вечер во Кино Култура ќе ја одржи премиерата на претставата „Непознато“ која е трета продукција на еднинствената современа танцова компанија во Македонија за 2018 година.
Претставата се состои од две кореографии, првата под наслов „Чудаците“ во кореографија и режија на Матеа Киселичка и „Непознато - фрагменти на извонредна машина“ работена по идеја на Александра Петрушевска.
Во првиот дел настапуваат Александра Петрушевска, Адријана Данчевска и Анастасија Данчевска, оригиналната музиката е на Борко Биџовски, а се употребуваат и фрагменти од операта „Лакме“ на Лео Делиб.
Во вториот дел „Непознато - фрагменти на извонредна машина“ настапуваат Адријана Данчевска, Матеа Киселичка, Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Александра Петрушевска, Јоавана Зајкова, Бобан Русески, Сара Цветкова и Тереза Лазарев.
Ново на Сител
-
23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба
-
Се уште се трага по исчезнатиот 60 годишен стружанец
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски