„Скопје Креатива 2017“ од 4 до 6 мај во МКЦ

Под мотото „Креирај и кокреирај“ (Do Create! Co Create!), од утре до сабота во Младинскиот културен центар ќе се одржува шестиот фестивал за креативни индустрии „Скопје Креатива 2017“.
Покровител и годинава е Град Скопје, а организатор Конгресниот центар „Александар Македонски“ од Скопје.
Директорката на Конгресниот центар „Александар Македонски“ Вера Бошковска на денешната прес-конференција информира дека има се поголем интерес кај пријавените учесници и гости за овој фестивал. Изрази надеж дека годинава ќе успеат да ја остварат својата цел - да ги вмрежат сите креативци и да се искористат потенцијалите на главниот град.
Кураторот на фестивалот Иван Мирковски истакна дека мотото на фестивалот „Креирај и кокреирај“ треба да генерира предизвици и да создаде нови методолошки пристапи кон самиот процес на соработка.
Програмскиот директор на фестивалот Иванка Апостолова нагласи дека фестивалот е поделен на стручни предавања и презентации, работилници за деца и за возрасни, форум посветен за директно здружување на дизјанерските уметнички заедници со бизнис секторот.
- Преку принцип на јавен повик поддржавме неколку интересни проекти за прототипи кои се надевам дека ќе бидат доста инспиративни за публиката, рече Апостолова.
Публиката ќе може да ги погледне проектите „Виртоскоп“ на Газменд Ајруловски, „Македонска мушичка“, работилницата за деца „Мириса на дожд“ (изработка на мантили за деца), едукативната работилница на Изабела Новотни за развојот на кукленото мајсторство, „ХАЕМУС“ со Розалии-празникот на розите... Од странските истражувачи предавање ќе има Франк Циренберг од Германија, Микхал Пијерниковски од Полска, Дорина Арапи од Алабнија...
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
