Скопје домаќин на министерскиот состанок на регионалната иницијатива СЕДМ
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска заедно со колеги министри и високи претставници на министерствата за одбрана на земјите – членки на иницијативата SEDM (Southeast Defense Ministerial) денеска на состанок во Скопје ќе разговараат за клучните безбедносни предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот на Југоисточна Европа.
Министрите за одбрана и високите претставници на земјите – членки на крајот на работните состаноци ќе потпишат заедничка изјава со која ќе го постават правецот на идниот развој и функционирање на оваа значајна регионална иницијатива.
Во иницијативата SEDM формирана во 1996 година членуваат 15 земји – Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија Хрватска, Грузија, Грција, Италија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија, Турција, Украина и САД, а Молдавија е земја – набљудувач. Претседавањето со оваа иницијатива е на ротациона основа, а во моментов претседавач е Бугарија.
Основната цел на иницијативата е унапредувањето на стабилноста и безбедноста во Југоисточна Европа преку развој на воено-политичката соработка.
Една од најзначајните проекти на SEDM е Бригадата на Југоисточна Европа – SEEBRIG чија команда до 2026 година е сместена во Македонија. Во оваа Бригада членуваат шест од земјите – членки на SEDM – Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Романија и Турција.
Во рамки на SEDM функционираат и неколку други проекти како SEESIM – проект за симулациски вежби, проектот за Жените-лидери во одбраната и безбедноста, проектот за интерконекција на воените болници, како и постојаниот портал на SEDM за брза и ефикасна размена на безбедносни информации помеѓу земјите – членки на оваа иницијатива.
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана