-->
-->
Скопје домаќин на ЕП дивизија Б за кошаркари до 18 години
-->

Се е подготвено за почетокот на натпреварите во Б дивизијата на Европското првенство за кошаркари до 18 години, кое од петок до 7 август ќе се одржува во Скопје.
На денешната средба со новинарите генералниот секретар на Македонската кошаркарска фдедерација (МКФ) Моника Гавриловска информираше сека сите детали околу успешната организација на првенството се договорени и дека истото би можело да започне веднаш.
На првенството покрај јуниорската селекција на Македонија ќе настапат уште 23 репрезентации, кои ќе се борат за првите три места, кои пак, носат пласман во поквалитетната А дивизија.
Македонските млади кошаркари ќе играат во А групата, а за противници ќе ги имаат репрезентациите на Бугарија (29 јули), Ирска (30 јули), Унгарија (31 јули), Полска (1 август) и Кипар (3 август).
Црвено-жолтите натпреварите ќе ги играат во СЦ „Борис Трајковски“, а натпревари ќе се играат и во спортските центри „Кале“ и „Јане Сандански“.
Во другите три групи се:
Б група: Романија, Белгија, Белорусија, Португалија, Црна Гора и Австрија.
Ц група: Естонија, Чешка, Исланд, Луксембург, Данска и Холандија.
Д група: Албанија, Англија, Словачка, Шкотска, Украина и Грузија.
Македонскиот селектор Американецот Клифорд Елис сеуште е со дилема кои дванаесетмина ќе ги бранат боите на Македнија.
Елис одлуката ќе ја донесе по двата последно контролни натпревари денеска со Португал од 18 часот во малата сала на СЦ Јане Сандански и утре во салата Градски парк од 17:30 пасот кога ќе се одигра мечот против Португалија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вреди до Јаневска: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација
-

Дизелот поскапува за еден, а бензините за половина денар
-

Ѓорѓиевски-Николоски: Скопје го развиваме заедно, со работа, посветеност и јасна цел - да изградиме модерен и функционален град
-

Ин мемориам: Почина Проф. д-р Трајан Бендевски
-

На Скопскиот аеродром приложиле фалсификувани визи, кривична за двајца турски државјани
-

Кривична против Сириец за криумчарење мигранти, меѓу кои и деца
-

Ковачев: Во Македонија над 180.000 граѓани имаат бугарски пасоши, 20.000 се во обработка
-

Приведена 23-годишна кавадарчанка, го нападнала нејзиното шестмесечно бебе
