Скопје денеска меѓу десетте најзагадени градови во светот
Скопје денеска се најде на неславната листа на најзагадени градови во светот, која ја објавува порталот Iqair.com.
Денеска Скопје е рангиран на 9-тото место најзагаден град во светот. Во топ десетте најзагадени градови во светот во моментов се и Делхи, Дака, Лахор, Колката, Ханој, Вухан, Карачи, Сараево, Скопје и Шангај.
Во објавата на порталот се предупредува дека воздухот во Скопје е нездрав и се препорачува да се затворат прозорците, да не се спрортува на отворено, да се носат заштитни маски и во домовите да се користат прочистувачи на воздухот.
Моментално, концентрација на на ПМ2,5 честички во воздухот е 72.6 µg/m³ којашто, како што се наведува на порталот, е за 15 пати поголема од годишната вредност во Упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат