Скопје: 206 сообраќајни прекршоци
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (05.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 206 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 42 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 11 санкции за возење без возачка дозвола, седум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење сигурносен појас, осум мерки за непрописно престројување на возила, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила..
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесе за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?
-
Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски
-
Утре повторно бојкот на маркетите, министерот за економија најави нови мерки