Македонија
25. August 2016 - 11:47

Скопјанец пронајден мртов во камп приколка на езерото Треска

Скопјанецот Драган А. (61) вчера околу пладне бил пронајден мртов во камп приколка лоцирана кај езерото Треска.

Пријавителот го забележал безживотното тело на Драган на подот во приколката чија врата била отворена. Веднаш била повикана екипа на Итната медицинска помош која констатирала смрт без знаци на насилство.

Полицијата на местото извршила увид, а телото на починатиот е предадено на обдукција по што ќе биде позната причината за смртта.