Македонија
27. January 2017 - 14:12

Скопјанец прегази млада кумановка, се бори за живот

Вчера во 10.30 часот во с. Умин Дол, кумановско, на регионалниот пат Куманово-с.Никуштак- Скопје, се случила сообраќајна незгода во која Ш.А. (31) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Е.Д. (29) од с.Лопате, кумановско.
 
По незгодата Е.Д. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар Куманово каде и биле констатирани тешки телесни повреди.
 
По укажаната лекарска помош, како итен случај е препратена во Ургентен центар Скопје.
 
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.