Скопјанец обвинет за недозволено поседување оружје и муниција
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривичното дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Обвинетиот, како што соопшти денеска Јавното обвинитеслтво, во својот дом на улица „Методија Андонов – Ченто“ во Скопје, неовластено држел оружје и муниција. Се работи за еден пиштол марка „FEG“ со калибар 9 мм Para со рамка со 13 куршуми од тој калибар, еден пиштол KEL-TEC CNC INC со калибар 380 Auto со рамка со 5 куршуми, 17 куршуми со калибар 7.5 mmR, 3 куршуми со калибар 7,62 Х 25 мм, како и 105 куршуми со калибар 9 мм Para.
– Оружјето и муницијата беа пронајдени и одземени при претрес на домот на осомничениот на 29 јули, се вели во соопштението.
Надлежниот јавен обвинител до Судот доставил и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот 22-годишник бидејќи тој, како што се наведува, би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња