Македонија
14. јуни 2021 - 17:00

Скопјанец нападнат со тврд предмет на работното место

Вчера во 18.50 часот во СВР Скопје, Г.Т.(50) од Скопје пријавил дека околу 14.00 часот, додека извршувал работни задачи во сервис на подрачје на Гази Баба, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат со тврд предмет од С.И.(36) од с.Сингелиќ, скопско, соопштија од МВР.

Сочинет бил записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.