Скопјанец баран со меѓународна потерница издадена од Австрија уапсен во Тирана
Албанската полиција во рамки на акцијата „Операција 54“, уаспила македонски државјанин баран со меѓународна потерница издадена од Австрија, каде за сторени тешки кривични дела.
-Дирекцијата на силите за специјални операции успешно финализираше уште една акција за апсење на меѓународно барани лица. Уапсен е М.А.(41) роден и со живеалиште во Скопје, Северна Македонија, кој се бара со меѓународна потерница издадена од Јавното обвинителство во Инсбрук, Виена, Австрија. Тој се бараше за сторени тешки кривични дела како што се: „Трговија со дрога“, „Опасна закана“, „Тешка изнуда“ и „Повреда“.За вакци дела со австрискиот Кривичен законик, предвидена е максималната казна до 20 години затвор, стои во полициското соопштение.
Според истиот извор во Тирана, органите на редот го лоцирале и уапсија М.А. При физичкиот претрес, пронајдена и запленета е марихуана, која е искористена како материјален доказ во истрагата.
Интерпол Тирана ги продолжува законските процедури за екстрадиција на лицето, во соработка со австриските власти.
На 6 овој месец на граничниот премин „Ќафасан“, на албанско - македонската граница кај Струга, при влез на албанска територија уапсен беше е А.А (34) жител на Кичево бран со меѓународна потерница, издадена од Интерпол Берн/Швајцарија, осуден на 20 години затвор за меѓународна трговија со дрога.
Ново на Сител
-
Почесна артилериска стрелба утре по повод Денот на независноста
-
Мицкоски: Ја стабилизираме економијата, трговската размена во пораст
-
Две лица приведени при обид да ограбат маркет во Чаир, по едно лице се трага
-
Вучиќ тврди дека се подготвуваат за 19 септември демонстрации против Канцеларијата за Косово и Метохија
-
Кај Дебар спречен шверц на добиток од македонска на албанска територија
-
Средба на министерот Муцунски со генерална директорка на Светската трговска организација
-
Приведен жител на неготинско Криволак, пријавен дека нападнал малолетник
-
Меси: Што и да биде и што носи иднината – само Бог знае