-->
-->
Скокнал од чамецот, пливал и се удавил - детали за давеникот во Дојранско Езеро
-->

По преземени мерки и активности, тим од пожарникари од Територијалната противпожарна единица Струмица, денеска (19.07.2024) околу 07.00 часот во Дојранското Езеро го пронајде телото на Д.М.(43) од Скопје, кој вчера се удави во езерото, соопшти МВР.
Имено, вчера во 10.10 часот во СВР Струмица беше пријавено дека тој скокнал од чамец во езерото, пливал неколку метри, по што се удавил. Во акцијата за пронаоѓање и извлекување на телото учествуваа и полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија и нуркачки екипи.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гевгелија.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Врските на Заев и Филипче со политиките на Путин
-

СДСМ: Toшковски да поднесе оставка
-

250 анкетни листови од кочанчани против бетонизација кај „Панаѓурот“
-

Струмица започна долгорочен проект за озеленување на околината на градот
-

Поскапуваат градинките во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Посетата на Руте, потврда за улогата на Македонија во НАТО
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, воено-безбедносен аналитичар
