Скок за 82 места за квалитет на ЕМС услугата на Македонска пошта
Во извештајот на ЕМS Кооперативата на Светскиот поштенски сојуз за квалитет на ЕМS услугата на 201 поштенски оператор во светот, за последниот квартал од 2015 година, ЕМS услугата на Македонска пошта е рангирана на 55-то место. Во извештајот за I-от квартал од 2015 година Македонска пошта беше рангирана на 137 место.
- Скокот од 82 места од вкупно рангирани 201 рангиран поштенски оператор е резултат на постојаната ангажираност на менеџментот, вработените на Македонска пошта и ангажирање на консултанти од Светскиот поштенски сојуз, стои во денешното соопштениет од македонска пошта.
Опслужувањето на корисниците, се посочува во соопштението, е дел од клучните показатели за резултатите дефинирани од страна на ЕМS Кооперативата, а Македонска пошта како една од членките активно учествува во активностите за подобрување на квалитетот на ЕMS услугата.
Ново на Сител
-
Македонија ќе ги укине царините кон САД
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
7 специјализанти добија решенија во охридската болница
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Софија бара ослободителна пресуда за основачот на клубот „Ванчо Михајлов“
-
Побаран притвор за поранешните директори