Скица на омот проценета на 60.000 долари
Скица за омотот на албумот „Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band" изработена лично од Џон Ленон, член на легендарниот рок бенд „Битлси“, ќе биде ставена на аукција, која ќе се одржи во Њујорк следниот месец.
Според аукциската куќа „Џулиенс окшнс", цртежот се очекува да достигне цена меѓу 40.000 и 60.000 долари. Бил пронајден во домот на Ленон во Кенвуд, југоисточен Лондон.
Идејата за легендарниот омот била на Пол Мекартни. На него се нацртани четворицата членови на бендот околу тапани, а во позадина има колаж од познати личности.
Меѓу другите предмети кои им припаѓале на музичките легенди, а кои ќе се најдат на аукцијата, се и пијано на Елвис Присли, за кое се очекува понуда од 200.000 долара, како и китарата на џезерот Џанго Рајнхарт од 1964 година.
Ново на Сител
-
Обновена постапката на Археолошкиот музеј
-
Шекеринска во дводневна посета на Бугарија
-
Тема на денот со Влагојче Атанасовски, политички аналитичар
-
По пожарот во Виница 25 лица побарале лекарска помош, 12 задржани на болничко лекување
-
Пожари на истокот
-
Димовски: Немало организирано следење на Мицкоски
-
Пуштена во употреба делницата Климештани - Охрид, долга 17 километри
-
Предизборни партиски ветувања за подобар живот во општините