Скенирани близу три милиони фискални сметки, повратот на ДДВ кон граѓаните 25,3 милиони денари
Сто и четириесет илјади граѓани досега ја имаат преземено апликацијата МојДДВ, скенирани се вкупно 2.993.788 фискални сметки, остварен е промет од 1.572.173.704 денари, а повратот од 15 отсто од пресметаниот ДДВ изнесува 25.368.380 денари, соопшти Управата за јавни приходи.
Мерката за поврат на 15 отсто од пресметаниот ДДВ, почна да се применува од 1 јули 2019 година, а УЈП изразува задоволство од досегашната реализација на мерката како и од ефектите што се во насока на намалување на сивата економија.
Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека граѓаните кои не се во можност да ја користат апликацијата МојДДВ на своите телефони, може да ги користат услугите што ги нуди УЈП во сите свои организациски единици каде фискалните сметки може да се скенираат на киоск апарати, баркод читачи, како и паметни телефони на кои е инсталирана апликацијата МојДДВ.
Во Управата за јавни приходи граѓаните, како што стои во соопштението, пријавуваат нерегуларности и се почесто инсистираат да им бидат издадени фискални сметки.
Ново на Сител
-
Холандија и Данска се најдобри земји за деца
-
Приведен 61-годишник, при претрес на неговиот дом најдени се пушки, пиштол и куршуми различен калибар
-
Филков: СДСМ е последна партија што има право да зборува за реформи во правосудството
-
Кремљ со реакција на изјавата на Макрон: Нуклеарното ширење не е решение за Европа
-
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта утре во Скопје
-
Мицкоски за утрешната посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени
-
Поранешен началник на Одделение за лично обезбедување на министри лажирал работни часови на вработени
-
Трамп: Не знам дали Путин ќе дојде на преговорите во Турција